Одличен понеделнички ручек: Пилав со мисиркино месо!

од desk2

Пригответе го овој пилав со мисиркино месо и уживајте во богатиот вкус

Потребни состојки:
100 грама ориз
2 поголеми парчиња мисиркино месо
1 морков
1 главица кромид
1 чешне лук
масло по желба
малку оригано

Начин на подготовка:
Исечкајте го месото. Во тавче динстајте го морковот, лукот и исечканиот кромид. Додајте оригано и зачинете. За тоа време, во вода сварете го оризот делумно. Во меѓувреме ставете го месото да во рерна да се пече. Кога оризот ќе биде делумно готов, измешајте го со кромидот и морковот и сето тоа префрлете го во плехот каде што се пече месото. Печете 45 минути на 200 степени.

Слични содржини