„Одлична вест од Грција“: Утре пристигнува донацијата вакцини

од Nikola Popovski

„Одлична вест од соседна Грција. Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на АстраЗенека“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој соопшти дека оваа донација е многу значајна за нас и изрази голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос.

„Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk“, додаде Филипче.

Во текот на денешниот ден пристигнаа и дозите „Фајзер“.

„Нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ пристигна денеска. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, a вакцините пристигнуваат во континуитет“, стои во објавата на министерот.

Во текот на неделата треба да пристигна и долго најавуваните 500.000 дози од компанијата „Синовак“.

Слични содржини