Одлични вести од САД: Апликација што ќе го открие присуството на вирусот преку вашиот глас

од Nikola Popovski

Тим експерти од универзитетот Карнеги Мелон ја претставија раната верзија на апликацијата „COVID Voice Detector“, за која се тврди дека можат да ги идентификуваат оние кои имаат коронавирус само преку анализа на гласот.

Целта е да се создаде достапен начин за идентификување на болеста и ќе биде доволно корисниците да кажат нешто во микрофонот на телефонот за да утврдат дали се заразени. Алгоритмите сè уште се во фаза на развој, а креаторите велат дека би можеле да станат вредни алатки за следење на континуираното ширење на вирусот. Од корисниците се бара да се закашлаат врз микрофонот на телефонот или компјутерот и да ги кажат буквите од азбуката, по што апликацијата посочува резултати што го информираат корисникот за тоа колку е веројатно да е заразен со КОВИД-19.

Новата апликација сè уште се отвора со предупредување дека не е сигурен начин за дијагностицирање и дека не може да биде замена за медицински преглед и тестови одобрени од Светската здравствена организација. Понатаму се истакнува дека апликацијата никогаш нема да биде сигурна како земањето на брис, но дека кога ќе  биде готовоа, може да послужи за прв преглед и да контролира голем број на луѓе во рекордно време.

Слични содржини