Одлично оди динамиката со поставувањето на модуларните болници низ државата, вели Филипче

од Vladimir Zorba

Министерот за здравство,Венко Филипче, утрово беше во посета на Клиничката болница во Штип, каде почна да се поставува монтажната болница за третман на пациенти со ковид-19.

„Одлично оди динамиката со поставувањето на модуларните болници насекаде низ државата, онаму кадешто дефиниравме дека е приоритет. Штип е еден од градовите заедно со Гевгелија, Кичево, Струга. Понатаму, следуваат Струмица и Куманово. Ова е еден модел кој го правиме со помош на Светската банка, која уште на почетокот на кризата излезе во пресрет и со значајна финансиска поддршка ни помогна да го реализираме проектот. За жал, на почетокот на кризата, за време на техничката влада се соочивме со една неразумна блокада од опозицијата која успеа да го одложи проектот, но секако не и да го спречи. Ова е нешто што како проект ќе даде значајно полесен пристап на пациентите кои се заболени од ковид-19 и повисок степен на квалитет на лекување, проект којшто го спроведуваме на територија на целата држава“, потенцираше Филипче.

Модуларните болници се опремени со соодветна дијагностичка опрема, лабораторија, мобилни дигитални рентген апарати, ЕХО апарати. Инфективните одделенија насекаде во развиените земји, во развиените болници се физички одделени од останатиот болнички капацитет се со цел останатите други оддели да останат целосно чисти.

„Со поставувањето на оваа модуларна болница во Штип, се добива уште една предност, а тоа е веќе потпишаниот договор за целосно реновирање на сегашното инфективно одделение, благодарение на проектот на Европската Унија за меѓугранична соработка. Овој проект го одложивме затоа што сега таму се сместени голем број пациенти и практично ќе продолжи да се спроведува кога пациентите ќе се префрлат во оваа модуларна болница, што очекуваме да се случи некаде на крајот на месец јануари. Со една одредена динамика веќе продолжува да се прави фасадата, скоро е целосно завршена, а интензивно работиме на начинот да се забрзаат активностите“, рече министерот Филипче.

loading...

Слични содржини