Одложен фестивалот Мозаик поради препораките за ограничување на масовни јавни собири

од Vladimir Zorba

Организаторот на МОЗАИК фестивал заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи вечерашниот концерт во А1 Арена поради препорачаните насоки за ограничување на масовните јавни собири дадени од Центарот за управување со кризи.

„Ќе ги следиме сите превентивни препораки според кои ќе биде закажан и новиот соодветен датум на одржување на предвидениот концерт во Скопје. Сите купени влезници ќе важат за новиот датум. Доколку сте спречени да присуствувате, вашите средства ќе бидат рефундирани преку продажната мрежа на www.mktickets.mk со приложување соодветен документ за потврда“, соопштија од организаторот.

Слични содржини