Одложен натпреварот на Македонската фудбалска репрезентација против Фарски Острови

од Aleksandar Petrovski

Квалификацискиот натпревар меѓу Фарски Острови и Македонија за репрезентации до 21 година е одложен поради замрзнат терен на стадионот „Торсвулур“ во Торшавн. Дуелот од 5. коло од квалификациите за Европското првенство 2021 година требаше да се одигра денеска од 18:00 часот, но условите на теренот не дозволуваат истиот да се одигра во предвидениот термин.

По состанокот меѓу делегатот на натпреварот, судиите и официјалните претставници на двете федерации потврдено е одложувањето на натпреварот, а пресметката меѓу двете селекции е презакажана за јуни, 2020. година.

Слични содржини