Одложен првиот натпревар во Премиер лигата поради коронавирус

од Nikola Popovski

Натпреварот помеѓу Њукасл и Астон Вила, кој требаше да се игра во петокот, беше официјално одложен затоа што голем број играчи во тимот на Стив Брус се заразени со коронавирус.

Њукасл побара одложување на натпреварот од Премиер лигата, па во вторникот попладне официјално била донесена одлука мечот да не се игра во петок, на 4 декември.

Во соопштението се додава дека новиот датум ќе биде објавен наскоро, а Њукасл ѝ се заблагодарил на Астон Вила за разбирањето.

Сите заразени играчи и членови на стручниот штаб се во изолација, а тренинг центарот на клубот е затворен веќе два дена.

Слични содржини