Одложени и наградите Тони поради коронавирусот

од Elena Daskalova

74-то издание на наградите Тони е одложено додека да се среди ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Церемонијата беше закажана за 7 јуни, а откажувањето доаѓа откако Бродвеј објавија дека затвораат додека повторно да биде безбедно да работат.

На Бродвеј се откажани сите шоуа до 12 април, со можност тоа да продолжи и понатаму, доколку ситуацијата така налага. Со тоа, се одложени 16 нови претстави и мјузикли кои требаше да се одиграат меѓу 15 март и 27 април.

Слични содржини