Одложено судењето за претепувањето на Пендиков

од Nikola Popovski

Штотуку започна судењето за претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков – веднаш се одложи. Охридскиот суд побарал да се донесе Пендиков, кој моментално живее во Софија. Со тоа, судот го прифатил барањето на одбраната на едниот од осомничените за нападот, Илија Спасески. Адвокатите побарале да се достават доказите против нивниот клиент.

Судскиот процес го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за кривично дело омраза со нанесување тешка телесна повреда.

Во нападот на Пендиков учествувале две лица. Главниот осомничен Спасески минатата недела беше ослободен откако помина еден месец во притвор. Второосомничениот пред една недела се предаде на органите на прогонот.

Обвинителството официјално соопшти дека Пендиков на 19-ти јануари годинава бил претепан поради тоа што се декларирал како Бугарин.

Следното рочиште е закажано за 5 април.

Слични содржини