Одложено телевизиско интервју на Пендаровски поради безбедносни причини

од Nikola Popovski

Синоќешното интервју на претседателот Стево Пендаровски на телевизијата ТВ 21 било одложено поради безбедносни причини.

-Телевизијата се наоѓа во близина на Собранието, каде што се одржуваат насилните протести и поради безбедносни причини претседателот не може да ни биде гостин, изјави синоќа водителот на емисијата „Клик плус“, Борјан Јовановски.

Се огласи и Пендаровски, кој објави дека интервјуто е одложено поради тоа што околу телевизијата бил воспоставен посебен сообраќаен режим.

-Во оваа прилика сакам да го осудам насилството како метод во политиката што не би требало да има место во современите демократии.

Слични содржини