Пакистанските власти ја одложија егзекуцијата на младинец, осуден на смрт на 14-годишна возраст, пренесоа агенциите.

0000257785-article2

Шафкат Хусеин требаше да биде обесен утрово во јужниот град Карачи, откако бил осуден во 2004 година на смрт за киднапирање и убиството на дете. Малку пред полноќ сепак претседателот Мамнун Хусеин издал наредба за одложување на егзекуцијата.

Локални и меѓународни активисти, меѓу кои организацијата “Амнести интернешенел”,ги повикаа пакистанските власти да ја укинат смртната пресуда, бидејќи според националното законодавство таква не може да биде издадена против малолетник.

Министерот за внатрешни работи Чаудри Нисар Али Кан во вторникот рече дека според евиденцијата на затворот каде е држен, дека Хусеин има 23 години во 2004 година. Али Кан вети дека ќе биде нарачан ДНК тест за да се утврди со сигурност возраста на момчето откако неговото семејство достави извод раѓање, според кој тој е на 14 години.

Ако биде докажано дека Хусеин бил малолетен во моментот на издавањето на смртната казна, таа ќе биде заменета со доживотен затвор.

Пакистанската Влада го укина мораториумот за егзекуциите, откако 136 ученици беа убиени во напад на талибанците против училиште за деца на војници во декември – најкрвавиот напад во историјата на земјата.

Оттогаш во Пакистан беа исполнети 48 смртни казни, 21 само во последните два дена, и покрај повиците на групите за човекови права и Европската унија за ревизија на оваа одлука.

Слични содржини