Одлучено со кој странски државник Бајден ќе го има првиот разговор

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот разговор на новиот американски претседател Џо Бајден со странски лидер ќе биде со канадскиот премиер Џастин Трудо.

Средбата ќе се одржи утре, изјави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.

Псаки рече дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, како и одлуката на Бајден за официјално одземање на дозволата, неопходна за изградба на нафтоводот Keystone XL, меѓу двете северноамерикански држави, објави „Ројтерс“.

Слични содржини