„Одлучив“: Доналд Трамп за претседателската кандидатура во 2024 година (видео)

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека тој одлучил дали ќе се кандидира на следните претседателски избори во САД во 2024 година.

Трамп тоа го најави при посетата на новинарот Шон Хенити, во јавно интервју во Тексас. Сепак, Трамп не одговори прецизно дали ќе се кандидира или не, туку дека само донел одлука.

„Вие нема да одговорите, но морам да ве прашам. Дали донесевте одлука за кандидатура?“, прашал Хенити.

Доналд Трамп кратко одговори со „да“, што предизвика бура од аплаузи од публиката.

„Мислам дека добро разбравте“, рече Хенити пред присутните, алудирајќи на нивната претпоставка дека Трамп ќе учествува на претседателските избори во 2024 година, пренесуваат американските медиуми.

На подоцнежната констатација на Хенити „дека тој знае колку ќе биде тешко, но дека се чини дека е подготвен да се вклучи во таа битка“, Трамп одговорил дека „тоа не го сака, но дека земјата го бара тоа“.

„Ние мора да се грижиме за оваа земја“, рече Трамп, додавајќи дека „постојаната борба не е забавна, но важно е што направивме за нашата земја“.

Трамп претходно посочи дека ќе се кандидира на следните избори, но тој изрази идеја дека може да се кандидира за некои претходни избори, како што се оние за Конгресот во 2022 година.

Слични содржини