Одлучни, храбри, љубопитни…Ова е најекстремниот хороскопски знак

од Берта Китинска

Скорпиите се интензивни, одлучни, храбри, истрајни, мистериозни, љубопитни и санодливи. Скорпиите се толку тврдоглави што нема да се откажат тогаш кога ќе треба, туку тогаш кога тие ќе сакаат.

Упорноста кај нив е толку изразена, како резултат на нивната потреба да си докажат сами на себе дека можат да успеат.

Кога Скорпијата чувствува јака емоција, таа го бара коренот и потеклото на истата. Опростувањето не е јака особина на Скорпијата.

Доколку сте направиле поголема грешка, најдобро е сами да се „закопате“, бидејќи Скорпиите се многу одмаздољубиви. Тие ќе чекаат да заборавите на вашата грешка и токму тогаш кога ќе помислите дека сте сигурни, тие ќе ви ја сервираат нивната одмазда.

Се верува дека Скорпиите се бесчувствителни и ладни како мраз на емотивен план. Иако повеќето Скорпии навистина се ладнокрвни, тоа не значи дека емоциите не им се развиени. Нивните емоции се многу длабоки, но мошне добро знаат да ги кријат.

Слични содржини