Одлуката да не се гласа со фингерпринт апаратите е незаконска, вели Даштевски

од Vladimir Zorba

Како што информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, до ДИК се стигнати информации дека на некои гласачки места не се гласа со употреба на апарати за отпечаток од прст.

Така одлучиле членовите на избирачките одбори, што е незаконски.

-Добивме информации дека некои членови на избирачки одбори престанале да гласаат со фингерпринт апаратите. Тоа се незаконски одлуки на тие лица. Сугерираме да продолжат да гласаат со апаратите, во спротивно, гласањето ќе мора да биде поништено, а лицата да бидат санкционирани, истакна Даштевски и уште еднаш апелира да се гласа со употреба на уредите за биометриска идентификација.

Тој напомена дека ДИК нема донесено одлука за гласање без употреба на фингерпринт апарати, освен во шест избирачки места: 1774 во Ново Село, 1162 во Старо Нагоричане, 2354 во Студеничани, 2942 во Чаир и 2468 и 2478 во Чучер Сандево.

Слични содржини