Ова е скандал од невидени размери. Некој сака да покаже дека нема потреба од специјален јавен обвинител, изјави синоќа  за Телма пратеникот од СДСМ Горан Сугарески по соопштението на судот дека содржината од аудиоснимките од прислушуваните разговори воопшто нема да бидат земени како доказ во ниту еден случај од пријавите на СДСМ.

 Заев: Не може Влада предводена од Груевски да ги организира изборите

„Прво согласно договорот од Пржино ако имаше обвинителство и судство како што треба, а не под врхушката на ВМРО – ДПМНЕ сигурно немаше да се случи ова, ниту пак ќе имаше потреба од специјален обвинител. Сега тие намерно сакаат да направат да нема потреба од специјален обвинител“, рече Сугарески на гостувањето на Топ тема

Според првичните реакции од СДСМ, за нив вчерашната одлука на судот, донесена на денот кога опозицијата се врати во Сообранието е директен упад во договорот од Пржино и класично непочитување на договореното.Тие својот став ќе го соопштат денеска

Вчера Основниот суд Скопје 1  соопшти дека ги отфрли како неосновани доказите во предметот прислушување против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протуѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски, , затоа што „доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага“.

– Јас не би сакал да коментирам одлука штотуку пристигната затоа што не сум ја видел целосно. Но во секој случај треба да биде основа за барање одговорност за предметите на Прислушување, рече во вечерашната Топ Тема, Талат Џафери од ДУИ.

 

Слични содржини