Касами и Села не ја гледаат големата слика.

Со прифаќање на сегашните амандмани на Уставот и со подршка на тие амандмани од нивна страна, Македонија ќе го направи својот најголем исчекор кон членство во НАТО и во ЕУ.
Тоа членство е гаранција за решавање на сите други прашања кои може би не се соответно решени во Уставот.
Но, ако заради нивните уцени Македонија остане надвор од НАТО и од ЕУ тогаш шансите за решавање на такви прашања,токму Касами и Села ќе ги сведат на минимум.

Државјанството како припадност на граѓанинот на една држава и исто така едно од идентитетските обележја на човекот покрај неговата етничка припадност и потекло.
Грчката опозиција и бугарски националистички кругови би биле пресреќни таа отстапка од Грција за која се избори преговарачкиот тим од Македонија сега некој како Касами и Села да ја оспоруваат.

Таквата нивна кусогледа политика е само еден вид политичка одмазда кон Заев и турање бензин врз македонскиот национализам.

Не е за верување дека тие ова не го знаат.


Ова е само обид од нивна страна да си ја подигнат важноста во политиката, да заработат неколку националистички поени пред ДУИ и Беса на Африм Гаши и да го вратат тркалото на промените во насока на нова етничка и непомирлива мобилизација на гласачкото тело во двата кампа.
Ако е тоа се што смислиле тогаш дефинитивно лошо смислиле и време е да му дадат шанса на процесот кој од самиот почеток го подржуваат.

Фејсбк статус на  проф. Ѓорѓи Спасов

Слични содржини