Одобрен лек за Алцхајмерова болест, цената е вистинска „ситница“

од Vladimir Zorba

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) во петокот го одобри лекот „леканемаб“ за пациенти во најраните фази на болеста, развиен од јапонската фармацевтска компанија „Еисаи“ и американската „Биоген“.

Лекот, кој ќе се продава под името „Лекемби“, припаѓа на класа на третмани насочени кон забавување на прогресијата на невродегенеративната болест со отстранување на лепливи грутки токсичен бета амилоид протеин од мозокот.

Речиси сите претходни експериментални лекови кои го користеле овој пристап не успеале.

„Денешните вести се неверојатно важни“, рече главниот научен директор на Алцхајмер фондацијата за откривање лекови, д-р Хауард Филит.

„Годините на истражување за она што е несомнено најсложената болест со која се соочуваат луѓето дава резултат и ни дава надеж дека не само што можеме да ја третираме Алцхајмеровата болест, туку и да ја спречиме“, додаде тој.

„Еисаи“ најави дека лекот ќе биде лансиран по годишна цена од 26.500 долари.

Јапонската компанија соопшти дека исто така планира да аплицира за одобрување на „Лекемби“ во Јапонија и Европската унија до крајот на деловната година на 31 март.

„Еисаи“ процени дека бројот на американски пациенти кои ги исполнуваат условите за лекот ќе достигне околу 100.000 во рок од три години, со постепено зголемување на среден и долг рок, пишува Хина.

Слични содржини