Одобрен предложениот протокол за јавни настани

од Vladimir Zorba

Комисијата за заразни болести денеска на состанок го одобри протоколот за организирање јавни настани кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во изјава за медиумите по посетата на Детската болница Козле, Филипче рече дека денеска е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот.

Филипче истакна дека предложениот протокол е солиден зашто предвидува контролиран влез на настанот, картите ќе се продаваат електрионски за да не се прават редици и метеж и задолжително ќе се носат заштитни маски.

– Мислам дека е одличен проткол. Здруженијата земаат и обврска самите да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки на местата каде што ќе има настани, што е апсолутно за пофалба таквиот нивни професионален пристап, истакна министерот за здравство.

Слични содржини