Големите кошаркарски фанови и сите НБА ѕвезди за последен пат се простуваат од Коби Брајант, легендарниот играч на Лос Анџелес Лејкерс кој вчера во катастрофална хеликоптерска несреќа трагично го загуби својот живот на 41-годишна возраст.
Една од оние кои посебно трогнуваат ја напиша неговиот поранешен соиграч Ламар Одом, контроверзната ѕвезда која ја делеше соблекуваната со Коби.
– Овие фотографии се само врв на ледениот брег на нашиот однос. Ме научи толку многу потребни работи, на теренот и надвор од него. На теренот ме научи како да креирам одбрана, да го чекам моето време и како победата да биде моја конечна цел. Надвор од теренот, ме учеше како и кога да ги потпишувам моите чекови. Секој што ме познава, знае дека имав многу загуби, но единствената која можам да ја споредам со оваа загуба е загубата на мојот син. Мило ми е што бев јинг во твојот јанг во соблекувалната. Јас мислев дека ти ќе бидеш единствениот кој ќе преживее во хеликоптерска несреќа, се надевав дека ќе скокнеш и ќе застанеш на нозе. Се уште чекам медиумите да излезат со информација дека станува збор за грешка, верувајќи дека Бог не можеше толку рано да го земе мојот брат. Знам дека минав низ мои работи во животот земајќи дрога и дека не бев добар кон самиот себеси. Кога бев во кома, ако Бог дојдеше кај мене и ми кажеше дека ќе ме земе, а дека ќе му прости на Коби, ќе го изберев тоа. Во чест на мојот брат, утре ќе се разбудам во четири часот наутро и ќе одам во теретана. Те сакам брату, – гласи емотивната порака на Одом.