Одржан јубилејниот 50. МТКФ карате семинар и турнир „Неа Флогита 2018“

од Vladimir Zorba

   Во организација на Македонската традиционална карате федерација изминатата седмица во Неа Флогита, Грција се одржа јубилејниот 50. Летен карате семинар и турнир „Неа Флогита 2018“.

На семинарот учествуваа вкупно 65 каратисти од неколку карате клубови од Македонија, Грција и Србија. Семинарот го водеа Шихан Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан.

Овој семинар беше и подготвителен за членовите на државната репрезентација која од 14 до 16 септември оваа година ќе настапи на 33. Европски Шампионат во традиционално карате во Белград, Србија.

На крај од семинарот се одржа полагање за ученички и мајсторски појаси како и традиционалниот карате турнир „Неа Флогита 2018“

Слични содржини