Одржете ја косата хидратизирана и во зимските денови

Ладните месци внесуваат промени во секојдневната рутина, па дури и во козметиката. Така, целото наше внимание е посветено во нега на кожата, трудејќи се таа да остане хидратизирана, негувана и мека, но многу често забораваме дека истиот тетман и е потребен на нашата коса.

Сувата и безживотна коса е проблем со кој главно се соочуваме по безгрижното лето. Сонцето и морската сол оставаат свои траги за кои најчесто стануваме свесни на есен. но, потстрижувањето не мора да биде единствена опција, особено кога beauty светот е пеполн со производи чии формули можат буквално секоја коса да ја вратат „од мртвите“. Сувата коса најчесто е причина за неуредниот изглед, па таквата коса е тешка за стилизирање.

Исто така, навиката за честото користење на пегла за коса или други уреди за стилизирање, додатно ја сушат. Со цел косата да е длабоко хидратизирана, потребно е барем еднаш во неделата да ја „нахраните“ со маска за коса. На пазарот можат да се најдат бројни маски за коса, во зависност од потребата и состојбата на косата. Она што се препорачува е, маската да се држи барем половина час и тоа замотана во пешкир, со цел топлината да го поттикне впивањето.

Доброто масло за коса мора да го имате. По секое миење на косата, врвовите потопете ги во масло, со цел да ги заштитите од топлинските третмани кои следат. Понатаму, она што е неопходно за прекрасен изглед на косата е хидратацијата, затоа не заборавајте да пиете доволна количина на вода, барем два литри дневно.

Слични содржини