Одводот мириса лошо? Проблемот ќе го решите со три состојки кои веќе ги имате дома

од Elena Daskalova

Поради тоа што во одводот од чешмата во кујната завршуваат остатоци од храна и слични нечистотии, лошиот мирис е доста честа појава.

За среќа, постои и едноставно решение, благодарение на кое ќе спречите размножување на бактерии и габи на талогот од храна измешана со кујнски детергент и вода.

Потребни состојки:

400 мл бел оцет
3 лажици сода бикарбона
5 литри вода

Прво сипете ја содата, па додавајте по малку оцет. Оставете неколку минути, а потоа истурете ја водата.

Не заборавајте неколкупати годишно да го прочистувате одводот со соодветно средство за таа намена, а горенаведениот рецепт е исто така одличен за да спречите размножување на микроорганизми во вашиот одвод.

Слични содржини