Одземена лиценцата на „Беса Транс“

од Берта Китинска

Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил.

– По барање на Министерството за економија Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса : с.Рашче, Општина Сарај -Скопје, подружница БЕСА ТРАВЕЛ со адреса ул. Стив Наумов бр.2/2-3 Скопје, при што е констатирано дека истиот не обавува дејност, односно истиот не работи.Државниот пазарен инспекторат постапувајки по наше барање има доставено Известување бр. 09-26-51 од 11.01.2021 година со кое информира дека Правниот субјект не обавува дејност, односно канцелариите се затворени и во истите не може да се изврши инспекциски надзор по што како министер за економија донесов Решение за одземање на Лиценцата.Ги повикуваме сите граѓани кои ќе патуваат да проверат со кои туристички агенции патувааат, односно дали имаат важечки лиценци за работа издадени од Министерството за економија, пишува Бектеши на Фејсбук.

Слични содржини