images

На 29.08.2015 год.околу 16.00 часот на Магистралниот пат од Струга према Ќафасан, на излез од градот се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од Г.Г.(27) од с.Франгово и велосипедист Владимир М.(1949) од Струга. Во незгодата Владимир М. се здобил со повреди и бил пренесен во ГБ-Струга каде починал. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Слични содржини