Офицер на Револуционерната гарда на Иран убиен во Сирија

од Vladimir Zorba

Висок офицер на елитната револуционерна гарда на Иран е убиен во воздушен напад извршен во пограничната зона на Ирак и Сирија, на сириска територија, соопштија денеска ирачките безбедносни сили и претставници на локалните паравоени фракции.

Идентитетот на убиениот ирански офицер, кој наводно бил убиен заедно со тројца негови придружници, не е потврден.

Во извештајот на Ројтерс се вели дека во возилото со кое патувал високиот офицер на Револуционерната гарда на Иран имало оружје и дека нападот бил извршен помеѓу саботата и неделата веднаш откако нивниот автомобил преминал од Ирак на територијата на Сирија.

Ирачките паравоени единици поддржани од Иран помогнаа во пронаоѓањето на телата на жртвите, тоа беше потврдено од два извори, но без други, подетални информации за времето и можните извршители на нападот, пренесува Танјуг.

Ликвидацијата се случи неколку дена по убиството на иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризадех во близина на Техеран, за што иранските власти го обвинија Израел, кој истовремено започна со воздушни напади врз бројни ирански и сириски цели на сириска територија.

Властите во Техеран стравуваат од разгорување на конфликтот пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, кого го сметаат за помалку наклонет кон конфронтација со Иран отколку Доналд Трамп.

Слични содржини