Официјалните бројки од пописот ќе ги имаме во март

од Nikola Popovski

Според законот имаме 6-месечен рок за објава на резултатите. За потсетување, во претходниот попис имаше помина година и нешто од моментот на завршување на процесот, кажа министерот за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „Само интервју“.

Тој очекува да се запази временскиот рок и најдоцна 6 месеци, односно некаде во март да ги имаме резултатите.

-Не е толку едноставно, затоа што треба да се направат прво проверки на секој внес, бидејќи има и двојни внесови, можеби и нешто што треба да се провери, матични броеви, вели Маричиќ.

Министерот додаде дека кај сите поединечни случаи на поплаки околу попишувањето, кои според него се во рамките на изолирани неправилности, веднаш е реагирано од страна на ДЗС.

Слични содржини