Официјално: 25 милиони за 17-годишен, англиски вундеркинд во Борусија

од Vladimir Zorba

Борусија Дортмунд денеска објави дека го ангажирале 17-годишниот англиски играч од средниот ред Џад Белингем од Бирмингем и дека потпишале „долгорочен договор“ со него.

Според британските медиуми, Белингем, кој го барале и Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челси, потпишал петгодишен договор со Борусија во вредност од 30 милиони евра, додека Бирмингем доби 25 милиони.

Белингем има остварено 40 настапи за тимот од втората англиска лига оваа сезона, постигнувајќи четири гола со три асистенции.

„Не можам да му се заблагодарам на Бирмингем доволно за сè што направи за мене, не само оваа сезона, но бидејќи дојдов во клубот како седумгодишник. Сега сум возбуден што пристигнав во еден од најголемите клубови во Европа. Начинот на кој Борусија им помага на младите играчи да напредуваат, ја олесни мојата одлука да дојдам овде. Не можам да дочекам да играм на еден од најубавите стадиони во светот и пред 80.000 навивачи што е можно поскоро“, рече Белингем.

Слични содржини