Официјално: Гризман го напушта Атлетико

од Vlatko K

Француската ѕвезда на Ателтико Мадрид, Антоан Гризман го напушта клубот. Само една година
откако потпиша нов договор со „јорганџиите“ и отсече дека тоа е неговиот „дом“, неговиот „тим“ и
неговите „фанови“, голгетерот на тимот го смени расположението за 180 степени и потврди дека
сака да го напушти „Ванда Метрополитано“.

Пред Светското првенство минатата година Гризман сними документарен филм за одлуката за
својата иднина и со недели ги држеше под напон Атлетико и Барселона, но на крајот го избра тимот
од главниот град. Тој потпиша договор кој е во сила до 2023 година, но ќе биде продаден ова лето.
„Тоа беше тешка одлука, поминаа пет неверојатни години, ви благодарам многу за сè, секогаш ќе
останете во моето срце“, вели светскиот шампион од 2018 година. Кратко време по објавата и
клубот информираше дека Гризман ќе замине по крајот на оваа сезона.

Два тима се фаворити за неговиот потпис – Барселона и ПСЖ, но желба на играчот е да игра за
Каталонците. Тој можеше да го направи тоа минатата година, кога сепак донесе поинаква одлука за
радост на милиони фанови на Атлетико, кои сега се подготвени да го линчуваат.

Што се однесува до износот на трансферот, тој се очекува да биде околу 120 милиони евра. Во
неговиот нов договор, тој има клаузула од 200 милиони евра, но според „АС“, од 1-ви јули ќе се
намали за 80 милиони евра. Причината за сериозниот пад е фактот дека трансфер-ембаргото на
Атлетико истече и „црвено-белите“ ќе можат да му бараат заменик.

 

Слични содржини