ОФИЦИЈАЛНО: Гризман ја откачи Барса и повторно потпиша со Атлетико

од Vladimir Zorba

Антоан Гризман и Лука Ернандез ги продолжија договорите со Атлетико Мадрид, а „црвено-белите“ го привлекоа Тома Лемар од Монако. Дел од раководството на мадридскиот клуб патува за Русија, каде што беа објавени вести за тројцата француски репрезентативци кои учествуваат на Мундијалот 2018.

Гризман потпиша договор до летото 2023 година. Сè уште нема информации за тоа дали клаузулата за откуп е повисока. Цената на напаѓачот според стариот договор изнесуваше 100 милиони евра.

Дефанзивецот Ернандез ќе остане во шпанската престолнина барем до крајот на сезоната 2023-2024, додека халфот Тома Лемар преминува од Монако во Атлетико по крајот на светското првенство. Клубот не пријави колку долг е неговиот договор.

Слични содржини