Официјално: Јеро ќе ја води „Фуријата“

од Vladimir Zorba

Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро официјално беше прогласен за тренер на Шпанија и ќе ја води „Фуријата“ на светското првенство. Засега, не е јасно колку долго ќе биде назначувањето, но се претпоставува дека е до крајот на Мундијалот.

Разделбата со Хулен Лопетеги и турбулентните настани околу тимот го натераа претседателот на федерацијата Луис Рубиалес да дејствува брзо и тој застана на спортскиот директор.

Првично се мислеше дека тимот може да биде воден од тандемот Јеро-Алберт Селадес или пак само од младинскиот ментор. На крајот, изборот падна на Јеро.

„Фернандо Јеро ја презема позицијата на национален тренер на Светското првенство во Русија. Тој ќе одржи прес-конференција заедно со Луис Рубиалес од 17:30 часот по локално време. Потоа тој ќе одржи прв тренинг, а во петок ќе биде на чело на тимот во судирот со Португалија“, се вели во соопштението на федерацијата.

Слични содржини