Официјално: Конор Мекгрегор се враќа во октагон, а познат е и противникот

од Aleksandar Petrovski

Борбата на Конор Мекгрегор против Доналд Серони е закажана за 18 јануари 2020 година во Лас Вегас.

Една од најголемите ѕвезди во ММА, Кoнор Мекгрегор се враќа по суспензијата и заминувањето во пензија и во велтер категорија ќе се бори против Доналд Серони.

Ова ќе биде трет дуел на Конор Мекгрегор во оваа УФЦ дивизија, а претходните две борби беа против Нејт Дијаз, во првата беше поразен, а во втората славеше со одлука на судиите.

Мекгрегор има скор 21-4 и неговата последна УФЦ борба беше во лесна категорија, на УФЦ 229 во октомври 2018 година кога загуби од Хабиб Нурмагомедов.

Слични содржини