ОФИЦИЈАЛНО: Конте ја достави оставката до претседателот на Италија

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска ја достави оставката до шефот на државата, со што се отвори патот за формални консултации за надминување на политичката криза, соопшти кабинетот на претседателот.

Италијанскиот претседател Серхио Матарела ќе започне консултации со политичките лидери утре попладне, се вели во соопштението, додавајќи дека од Конте било побарано да остане на таа позиција во техничко својство додека продолжуваат преговорите, пренесува „Ројтерс“.

Конте минатата недела загуби апсолутно мнозинство во горниот дом на парламентот, Сенатот, откако пратениците поднесоа оставки од коалициската партија Италија Вива, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, незадоволни од решението на владата за корона криза и економската рецесија.

Напорите на Конте да привлече центристички и независни сенатори во коалицијата за пополнување на празнината што ја остави Ренци беа неуспешни, па на премиерот немаше друг избор освен оставка и официјално да отвори владина криза што ќе му даде повеќе време да постигне договор.

Ако Матарела смета дека Конте би можел да ја добие потребната поддршка за формирање нова влада, ќе му даде рок од неколку дена да се обиде да го финализира договорот и да формира нов кабинет.

Меѓутоа, ако не успее, Матарела ќе мора да излезе со алтернативен кандидат когo го смета за способен да формира коалиција што ќе функционира. Во случај сите опции да паднат во вода, тој ќе мора да распише предвремени избори, две години пред крајниот рок.

loading...

Слични содржини