Официјално: САД се повлекоа од Светската здравствена организација

од Vladimir Zorba

Соединетите Американски држави официјално се повлекоа од Светската здравствена организација (СЗО), потврди висок официјален претставник на администрацијата, раскинувајќи ги врските со СЗО среде пандемијата на коронавирусот, јавува Си-Ен-Ен.

Повлекувањето на САД е во сила од понеделник и беше доставено до генералниот секретар на Обединетите нации, објави официјалниот претставник во вторникот.

Сенаторот Роберт Менедез ја објави веста на Твитер.

„Конгресот доби известување дека претседателот на Соединетите држави официјално ги повлече САД од Светската здравствена организација среде пандемија. Нарекувајќи го одговорот на Трамп на пандемијата „Ковид 19“ хаотичен и некохерентен, не е доволно. Тоа нема да ги заштити американските животи или интереси – тоа ги остава Американците болни, а Америка сама“, напиша демократот Менедез.

Извор кој кратко го коментирал писмото упатено до ОН, изјавил за Си-Ен-Ен дека писмото е многу кратко, во кое содржат три реченици и потврда дека ќе се иницира едногодишно повлекување, но предупреди дека не може да потврди дека тоа е конечната верзија.

Доналд Трамп првично ја објави својата намера да се повлече од СЗО во мај оваа година и доследно ја обвини СЗО дека и помага на Кина да го прикрие потеклото на вирусот.

Слични содржини