Официјално: Спалети е новиот тренер на Наполи

од Vladimir Zorba

Лучано Спалети е новиот тренер на Наполи.

Информацијата прво ја објави синоќа новинарот Фабрицио Романо, а денес ја потврдија Наполи и неговиот претседател Аурелио Де Лаурентис.

„Среќен сум што објавувам дека Лучано е нашиот нов тренер. Ќе го преземе кормилото на 1 јули и заедно ќе направиме големи работи“, напиша Де Лаурентис на Твитер.

Ова е прв ангажман на Спалети по точно две години. Последната работа за италијанскиот стручњак беше онаа во Интер, кој го водеше две сезони, а пред тоа беше на клупата на руски Зенит.

Слични содржини