Официјално: Вилијан премина од Челси во Арсенал

од Vladimir Zorba

Бразилскиот фудбалер Вилијан ќе ја продолжи кариерата во Арсенал, потврди лондонскиот премиерлигаш.

Вилијан пристигнува во Арсенал од градскиот ривал Челди, откако му истече договорот со „сините“.

32-годишниот Бразилец потпиша тригодишен договор со „топџиите“.

Вилијан има 339 настапи за Челси од пристигнувањето во клубот во 2013 година од Анжи. Тој постигна 63 голови, со 56 асистенции.

Тој ќе го носи дресот со број 12 во новиот клуб.

Има одиграно 70 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигнато девет гола.

Слични содржини