На 10.09.2015 година во 03.00 часот во Скопје на ул.„ Ѓорче Петров“ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во продавницата за очила “Белла Виста“ од каде одзел околу 50 очила за сонце разни марки, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 360.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

полиција4

На 10.09.2015 година во 14.00 часот во Гевгелија на ул. „Борис Кидриќ“ пред полициската станица за ГП и ГН Богородица – железнички премин од страна на полициски службеници е извршена контрола на патничко возило „Пежо“ управувано од С.Д.М.(32) од Струмица, при што било констатирано дека не поседува документи за овластен и лиценциран превозник на патници, а во возилото биле откриени шест државјани наСирија и четири државјани на Ирак кои оствариле илегален влез во Р.Македонија. Истиот е задржан во ПС Валандово, а странските државјани се спроведени во Прифатнит центар за странци на МВР.

НК КР Делчево СВР Штип до Основен јавен обвинител поднесе кривична пријава против Д.Г.(24) од Делчево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “точење алкохолни пијалоци на дете“. Имено пријавениот на 15.08.2015 година додека извршувал работни задачи послужување на гости во угостителски објект во Делчево, послужил дете со алкохолен пијалок пиво.

Слични содржини