Ограбен фудбалер на Интер, штетата е 200.000 евра

од Nikola Popovski

Фудбалерот на Интер Стефано Сенси бил мета на разбојници, кои синоќа упаднале во неговата куќа додека го играл натпреварот од Серија А против Торино, објавија италијанските медиуми.

Според пишувањата на медиумите, разбојниците од Сенси и неговата сопруга украле часовник вреден 70.000 евра, како и други вредни предмети, а вкупната штета е 200.000 евра.

Се претпоставува дека крадците упаднале во станот преку прозорецот од кујната.

Во последната недела ограбени се играчите на Наполи, Адам Унас, голманот на Џенова, Салваторе Сиригу и напаѓачот на Удинезе, Антонио Ди Натале.

Играчот од средниот ред влезе во игра на вчерашниот натпревар во 82. минута. Интер го победи Торино со 1-0 и сега има 46 бода на првото место во Серија А.

Слични содржини