Ограбен македонски турист во Сараево

од Nikola Popovski

Вчера во пет часот наутро, сараевската полиција била известена дека во улицата Хамдија Чемерлица, општина Ново Сараево, две непознати лица извршиле кривично дело разбојништво над С.В. од Северна Македонија.

Во таа прилика, разбојниците заканувајќи се со нож украле одредена сума пари и мобилен телефон од С.В., а потоа се оддалечиле во непознат правец.

– Беше известен дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, а полициските службеници продолжуваат да работат на расветлување на споменатото кривично дело, откривање и пронаоѓање на сторителите – соопштија од МВР на сараевскиот кантон.

Слични содржини