Ограничувањата на границите го направија своето: Отворени скијачките центри, но нема туристи

од Stefanija Kuzmanovska

Австрија ги отвори скијачките центри на 24 декември со строги хигиенски мерки, но тие сепак остануваат недостапни за странските туристи, поради ограничувањата за влез во земјата.

Со оглед на сегашните мерки за борба против пандемијата кои овозможуваат спортски активности на отворено, ски-центрите се отворени за локалното население и локалните гости кои доаѓаат на еднодневни екскурзии.

Прекуграничниот туризам е скоро невозможен заради правилата на десетдневна самоизолација за сите што ја преминуваат границата. Ова правило стапува на сила оваа сабота. Покрај тоа, сите хотели се затворени до средината на јануари, пишува Индекс. Исто така, работата е забранета во сите угостителски објекти.

Слични содржини