„Огромен е ризикот да имаме нов силен бран“, Владата ќе одлучува за рестриктивните мерки

од Берта Китинска

За новите предлог мерки денеска  ќе се дискутира на седница на Влада, а Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, сите релевантни експерти од овие области, кои тргнуваат од принципите на медицината и епидемиологијата стојат позади мерките кои се неопходни да се задржи релативно мирната епидемилошка состојба во држатава, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот и претставниците на синдикатите договорија неколку барања во пресрет на денешната  владина седница, на која ќе се разгледаат новите предлог-мерки за справување со ковид-пандемијата.

-Договорено се три барања. Првото е мерката од моментот на донесување да важи после 15 денови, со цел да се доедуцираат членовите на синдикатот. Второто е да бидат дадени два слободни денови од денот на примањето на вакцината, за тие што планираат да се имунизираат и третото барање е за оние кои нема да се вакцинираат. ПЦР-тестовите, кои се како алтернатива секоја недела, на место на свој трошок, ќе бидат на товар на работодавачот, информира Филипче.

Во врска со барањето на синдикатите за бесплатен брз антигенски тест или тие кои го прележале вирусот наместо не постара од 45 дена да приложат потврда за шест месеци, Филипче рече дека јасно е зошто се бара брза вакцинација после прележувањето.

„Не секој има соодветен имунитет после прележувањето. Зошто да се изложуваат граѓаните на трошоците да тестираат количина на антитела. Сите ние сме вакцинирани со различни вакцини и никој од нас не испитува антитела за морбили итн. Треба да се вакцинираат граѓаните, јасен е ставот и на Светската здравствена организација и на релевантните научни институции и организации ширум светот дека вакциналниот имунитет е тој кој долго трае и кој штити, нема контраиндикација за рано вакцинирање после прележана болест. Впрочем ќе видиме за кои работи сакаат да зборат претставниците на синдикатот. Тука сме да излеземе во пресрет на се. На крајот на краиштата целта на мерките е да се вакцинираат и тие кои сметаат дека може да не се вакцинираат, дали ќе биде тестот бесплатен или нема да биде бесплатен се во огромен ризик да се разболат, да добијат тешка форма и да умрат. Тоа не можеме и не смееме да го дозволиме“,посочи Филипче.

Слични содржини