ОГРОМЕН ПОЖАР ВО МОСТАР: Пожарникарите едвај успеале да ги одбранат куќите и приватните објекти

од Aleksandar Petrovski

Огромен пожар избувна во четвртокот вечерта во јужните предградија на Мостар, а пожарот зафати површина од неколку километри. Беа загрозени приватните и деловните објекти.

Професионалната противпожарна бригада (ПВЈ) Мостар рече дека ситуацијата е критична и дека има пет противпожарни возила со нивните екипи на терен.

„Загрозени се приватните и деловните објекти, особено еден објект за складирање на гас. Пожарот е оддалечен неколку десетици метри”, наведува ПВЈ Мостар.

Изгоре областа од касарната Хелиодром до кругот на фабриката Алуминиј д.д. Мостар.

Гаснењето го отежнуваше силниот ветер, а на професионалните пожарникари им помагаа колеги од ДВД Буна, како и граѓани од околните населени места.

Пожарот избувна во индустриската зона Мостар. Огнот зафати трева и ниска и висока вегетација, а пожарникарите се потрудија пожарот да не стигне до куќи и индустриски капацитети.

Слични содржини