Огромен проблем за Баерн, на Ернандез му се заканува затвор од бизарна причина

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Лукас Ернандез се соочува со затворска казна од половина до една година, за кршење на одредбата со која се забранува пристап до тогашната девојка, и денешна сопруга.

Се појави голем шок во редовите на еден од најдобрите и најтрофејните клубови во Европа, откако дозна дека нивниот дефанзивец може да помине до една година во затвор.

Имено, Лукас Ернандез, кој дојде во Баерн во 2019 година за дури 80 милиони евра, се појави на судењето во Мадрид, во врска со прекршување на забраната за приближување кон сопругата.

Во 2017 година, Ернандез беше обвинет за физички напад на тогашната девојка, која заврши во болница со полесни повреди.

Судот во Мадрид им изрече шестмесечна мерка забрана, што Ернандез и неговата девојка не го испочитуваа.

Се венчаа четири месеци по споменатата расправија и отпатуваа на Флорида на меден месец.

По враќањето во Мадрид, Ернандез беше осуден на затвор и неговите првични жалби беа одбиени.

Ернандез во вторник повторно ќе оди на суд во Мадрид, а неговиот адвокатски тим поднесе нова жалба, според која Французинот би избегнал затвор.

Според бројните европски медиуми, особено шпанските, доколку таа жалба биде одбиена, дефанзивецот на Баерн ќе има 10 дена доброволно да се јави и да го избере затворот во кој ќе ја издржува казната.

Слични содржини