Огромна плата и неверојатен бонус за Мбапе од Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе има устен договор со Реал Мадрид и летово ќе им се приклучи на „Лос Бланкос“ како слободен играч, изјави авторитетниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.

Експертот за трансфери открива и детали за финансиските параметри.

Во неделата 23-годишниот напаѓач изјави дека веќе донел одлука за својата иднина, но ќе ја соопшти во подоцнежна фаза. Како што е познато, договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни и тој ќе може да премине во кој клуб сака, а се смета дека негов избор е Реал Мадрид.

Според Ди Марцио, Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Лос Бланкос, заработувајќи 25 милиони евра по сезона нето. Освен тоа, гол-машината ќе земе и огромен бонус за потпишувањето на договорот кој ќе биде вреден 100 милиони евра. Реал Мадрид очигледно може да си дозволи таков бонус, бидејќи нема да мора да плати трансфер на ПСЖ, што сакаше да го направи пред една година, но тогаш Французите одбија.

Колегата на Ди Марцио – Фабрицио Романо, пишува дека на „Сантијаго Бернабеу“ се „повеќе од оптимисти“ дека Мбапе многу брзо ќе му се приклучи на клубот.

Слични содржини