Огромно зголемување на бројот на пациенти – Индија станува светски епицентар на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Индија регистрирала 78.357 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на случаи се над 3,7 милиони, додека владата ги ублажува ограничувањата наметнати од пандемијата за помош на проблематичната економија. Индија, земја со 1,4 милијарди жители, брзо станува светски епицентар на коронавирусот.


Во последните три недели, Индија објави најголем број на новозаразени на дневна основа, а со сегашното темпо најверојатно наскоро ќе биде пред Бразил и САД во однос на вкупниот број на заразени.

Министерството за здравство денес соопшти дека 1.045 лица починале од последиците на коронавирусот во изминатите 24 часа, што е вкупно 66.333 од избувнувањето на пандемијата. Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Индија е трета земја во светот според бројот на смртни случаи.

Инфекциите брзо се шират од луѓето во големите градови на Индија во помалите градови и руралните области.

Индија во моментов прави 100.000 тестови на ден, но експертите велат дека тоа не е доволно, сепак има 32.000 на милион, што е помалку од она што се прави во САД, земјата со најмногу заразени лица.

Индискиот медицински истражувачки совет денес објави дека земјата спровела скоро 44 милиони тестови за вирусот од почетокот на пандемијата.

Слични содржини