„Охрид СОС“ бараат отчет за сечата на дрва; Градоначалникот на Охрид вели биле стари и опасни

од Vladimir Zorba

Еколошките здруженија остро го осудија вчерашното сечењето дрвја во округот на комплексот „Инекс Олгица“ поранешен „Инекс Горица“ кое ги разбранува социјалните мрежи. Иако охридскиот градоначалник смируваше дека се работело за стари и исушени дрвја, еко-активистите од „Охрид СОС“ се сомневаат во неговите тврдења.

Исечени се 7 дрвја, 4 кедари и 3 бора на нивна територија, а од  „Охрид СОС“ алармираат дека дрвја се сечеле и на соседната парцела која е во државна сопственост.

„Го повикуваме градоначалникот и неговите стручни служби на транспарентност, и дополнително да дадат отчет за спроведените компензаторски мерки кои се пропишани со закон, на секој од субјектите на кои им издале одобрение за отстранување зеленило и тоа барем во последните 2 години. Исто така, за сите оние кои извршиле надоместување на загубата во дрвја со засадување нови „чиј збирен пречник одговара на пречникот на пресеченото дрво, при што новите дрвја треба да бидат постари од шест години“, колкава е успешноста на засадените нови дрвја? Какви мерки биле спроведени врз оние кои не ја исполниле обврската?“, прашуваат од движењето.

Вчера на својот Фејсбук профил се произнесе и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, кој вели дека сечата на седумте дрвја не се направило сериозно уништување на зеленилото и животната средина на тој потег.

„Се работи за стари дрвја за кои Комисијата за преземање на мерки и активности за отстранување на дрвја на подрачјето на Општина Охрид, утврдила дека се исушени и не постои можност за успешно санирање и ревитализирање на нивната состојба. Исто така утврдено е дека при неповолни временски услови истите дрвја претставуваат опасност по луѓето и метаријалните добра. “ – вели првиот човек на општина Охрид.

Од хотелот „Инкес Олгица“ излегоа со реакција во која известуваат дека тие постапуваат по решение издадено од Сектор за урбанзам и заштита на животната средина и дека постапува согласно законите и прописите и се придружуваат до еколошките стандарди. Решението за сечење на дрвата е лично потпишано од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. – велат тие.

Слични содржини