Охридскиот градоначалник Новата 2020 година ја дочека на плоштадот „Св. Климент Охридски“

од Aleksandar Todeski

Градоначалникот Константин Георгиески,  Новата 2020  Година ја дочека на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски “ во Охрид меѓу своите сограѓани и гостите од земјава и странство. Тој им посака добро здравје, среќа и бериќет во Новата Година.

„Драги охриѓани,  драги гости од земјава и странство кои вечерва сте тука со нас на плоштадот во Охрид, Ви посакувам пријатни и незаборавни мигови во ноќва кога ја испраќаме старата и дочекуваме Новата 2020 Година. Секој почеток буди надеж и верба за подобро утро и посветла иднина. Токму така и ние ја испраќаме старата година оставајќи се лошо во неа со надеж дека ќе имаме поздрава, посреќна и побериќетна година во која ќе бидеме и помудри и поуспешни на секој план.

Како одговорна локална власт во претстојната година продолжуваме со реализација на започнатите и отпочнување на нови проекти кои се за доброто на Охрид  и охриѓани. Посветено  и неуморно продолжуваме да го градиме Охрид  како пријатен дом за сите охриѓани  и посакувано место за одмор на туристите и гостите од земјава и странство. Посакувам оваа ноќ да ја минете незаборавно како и да ги проследите содржините кои се дел од  новогодишната програма што општината ја организира до 20-ти јануари. Доброто здравје, ведрата мисла, спокојниот сон  и љубовта од саканите нека бидат само дел од убавите нешта кои ќе ви се слуичат во 2020 Година“ порача градоначалникот Георгиески.

За забавата на плоштадот во Охрид се погрижија естрадните уметници, Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон“.

Слични содржини