Охриѓанец измамил двајца кичевци, им земал речиси 15.000 евра

од Nikola Popovski

Полицијата поднесе кривична пријава против 42-годишен охриѓанец со иницијали М.Р. поради сомнение за сторено кривично дело измама.

Како што информираат од МВР, тој во периодот од март до мај годинава, довел во заблуда двајца кичевци, ветувајќи им дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и комби.

За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.

Слични содржини