Охриѓанец предизвикал сообраќајна незгода, па бил агресивен кон полицајци

од Nikola Popovski

СВР Охрид соопшти дека 31-годишен жител на градот е уапсен откако прво предизвикал сообраќајна незгода а потоа насилно се однесувал кон оштетеното лице а бил агресивен и кон полициските службеници.

Според полицијата, тој вчера во 20.30 часот во СВР Охрид бил приведен и лишен од слобода Б.Н.(31) од Охрид.

-Претходно, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид со патнички автомобил „пежо“ со струшки регистарски ознаки удрил во паркиран автомобил „шевролет каптива“, сопственост на Д.Т.(47) од Охрид, потоа физички го нападнал и со остар предмет упатил закани. Б.Н. бил агресивен и кон полициските службеници и се обидел физички да ги нападне. По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Слични содржини