Охриѓанецот Крсте Нелоски разработува дизајн за Олимписките игри во Токио

од Vladimir Zorba

Охриѓанецот Крсте Нелоски разработува дизајн за Олимписките игри во Токио 2021 година. Веќе има изработено столица со мотиви на Јапонија дизајнирана специјално за Олимпијадата 2021, снимен е и документарен филм со хуманистичка порака поврзана со постулатите на Олимпизмот, целосно е изработена специјална монета на Игрите, а разработува и идејно осмислил и грандиозен проект за изградба на пирамида како симбол на планетарниот дух што го носат Олимписките игри, пишува „Независен“.

Нелоски има сопствено проектантско биро, зад него стојат многу успешни, потврдени и наградувани проекти. Негови креации се делови на Македонскиот народен театар во Скопје, скопскиот Аеродром, Спомен-куќата на Мајка Тереза, има изработено многу креации за Русија, Германија, за што има добено многу признанија и пофалници, а добитник е на наградата Златен мост за дизајн.

Целиот негов олимписки проект го носи насловот „Роза2020“, осмислен пред пред полни две години, составен од неколку елементи и тоа специјално дизајнирана фотелја, анимиран документарен филм „Раѓање“ („Birth“), монета на ЛОИ Токио, како и големиот проект Пирамида од гулаби „Мјафо2020“ („Myafo2020“). Индустриските елементи што го сочинуваат Проектот „Роза2020“ се регистрирани во Бирото за заштита на дизајн во Хаг. Во сите негови дизајнерски замисли се запазени олимписките постулати – побрзо, повиско, посилно.

Слични содржини